„Енергетската ефикасност на прво место!“ е еден од водечките слогани на енергетската заедница на Европската Унија. Во членот 16 и членот 49 од Директивата (2012/27/EU), се дава препорака до државите да ги искористат потенцијалите за вработување, особено во градежниот сектор.

Здружението Гоу Грин Скопје, со поддршка од Програмата за зголемување на пазарната вработливост на Швајцарската агенција за развој и соработка и Милиеуконтакт лансираат кампања „Фати се за занает“ со цел да се да се поттикне вработување на млади луѓе во секторот на енергетска ефикасност, со посебен фокус на градежниот сектор. Воедно со кампањата се отвора и дијалог за средното стручно образование и се зајакнува образованието за енергетска ефикасност.  

Кампањата „Фати се за занает“ се состои од три компоненти:
Компонента 1: Обуки за гипсери-монтери и програма за фасадери
Компонента 2: Форум за зелени работни места и еколошко образование
Компонента 3: Медиумска промоција  

Обуки за гипсер-монтер и програма за фасадер

Обуката е наменета за млади невработени лица на возраст од 17 до 29 години и ќе се одржува во Скопје. Можат да аплицираат ученици во последна година од средно градежно училиште без работно искуство, млади со минимум 3 (три) години работно искуство во градежната област, млади кои имаат интерес да се бават со оваа дејност. Повикот е отворен за лица со место на живеење во Скопје, Гостивар, Тетово, Велес, Куманово и нивните околни места.

30 млади невработени ќе бидат избрани да поминат теоретска и практична обука реализирана од сертифициран тренинг центар „КРАФТ МАСТЕР“. Теоретската обука ќе се одвива во специјализирани простории во компанија под менторство на овластен инженер, а практичната обука на градилишта и објекти во кои се изведува монтажа на гипс-картонски плочи, односно конкретна фасада. За време на практичната обука на учесникот ќе му биде доделен ментор, вработен во компанијата.

Програмата „Фасадер“ му овозможува на учесникот да стекне знаења и вештини за примена на основните техники при изведба на фасадни и внатрешни ѕидови, изработка и подготовка на сите видови малтер, изработка на фасади со современи материјали, поправка на дотраени и оштетени фасади и сл. Особено внимание е посветено на едукацијата за термичка и звучна изолација при обработка на фасадните и внатрешните ѕидови, како и обука за енергетска ефикасност на објектите. Времетраењето на програмата е 240 часа од кои 75 часа теоретска обука, 155 часа се практична обука во реални работни услови и 10 часа се наменети за оценување.

Програмата „Гипсер-монтер“ му овозможува на учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники при изработка на плафони, ѕидови, облоги, сводови, декорации и сл. од гипс картонски плочи како и правилно користење на опремата и алатот на работното место. Времетраењето на програмата е 180 часа од кои 55 часа теоретска обука, 115 часа се практична обука во реални работни услови и 10 часа се наменети за оценување.

За учество во оваа тримесечна обука учесниците треба да се спремни да партиципираат со 2000 денари (5% од целосната вредност на обуката). Повеќе информации и линк за аплицирање може да најдете тука

 

ФОРУМ ЗА ЗЕЛЕНИ РАБОТНИ МЕСТА И ЕКОЛОШКО ОБРАЗОВАНИЕ

15 јуни во Хотел Холидеј Ин, Скопје ќе се одржи „Форумот“ кој ќе има за цел да отвори дијалог помеѓу образовните институции, приватниот сектор и граѓанскиот сектор на тема еколошко образование и зелени работни места, и воедно да понуди место за соработка и вработување помеѓу фирмите и младите. 

Форумот ќе има неколку елементи и тоа:

  1. Панел дискусии
  2. Промотивни штандови
  3. Презентации на компаниите и организациите

Тема на панел дискусиите ќе биде моменталната состојба со средното стручно образование, потребите на пазарот на трудот, потенцијалот на зелените работни места во секторот енергетска ефикасност, со посебен фокус на градежниот сектор.

Претставници од компаниите, Министерството за образование и наука, Центарот за стручно образование и обука, Министерството за труд и социјална политика, училиштата, како и невладини организации кои работат во областа ќе бидат дел од говорниците на панел дискусиите.

 

МЕДИУМСКА ПРОМОЦИЈА

Кампањата „Фати се за занает“ ќе трае до 30 јуни. Ќе биде промовирана на традиционалните и модерни медиуми со цел да се актуелизира темата за потребата од стручни кадри и да се зголеми интересот кај младите за изучување на стручно образование. Како „лице“ и поддржувач на кампањата ќе бидат вклучени јавни личности (имињата наскоро ќе бидат откриени).

Кампањата е дел од проектот „Граѓански иницијативи за образование за клима и енергетска ефикасност“ поддржан од Европската Унија. За подетални информации околу проектот и кампањата контактирајте не на This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Share/Save/Bookmark

Friday, May 05 2017