Што претставува Гоу Грин?
Гоу грин е здружение на граѓани за одржлив развој и заштита на животната средина.
Зошто постоиме? (мисија)
Постоиме за да развиваме и споделуваме вредности и принципи за одржлив развој и да овозможуваме едукација и практични решенија за заштита на животната средина.
Каква ни е визијата за светот? ( долгорочна визија)
Свет во мир каде луѓето живеат во целосна хармонија со природата.
Каква ни е визијата за 2020 година?
Меѓународна организација која ги инспирира младите луѓе да го развијат својот лидерски потенцијал за заштита на животната средина и одржливото живеење.
Која е суштината на организација? (вредности)
Суштината на организацијта претставуваат вредностите и Гоу Грин искуството кое им се овозможува на сите членови и корисници на организацијата.
Гоу грин искуството се состои од 5 фази и тоа: запознавање со Гоу грин, превземање одговорност, лидерство и менаџмент, меѓународно искуство и долгорочна поврзаност. Целта е преку активирање во организацијата да се добие искуство со кое ќе се развијат клучните вредности кои веруваме дека придонесуваат за позитивна промена во општеството. Цветко Биди Зелен е зелениот агент на позитивна промена кој ги поседува сите вредности:
Интегритет
Нашето однесување е усогласено со нашите вредности. Способни сме да ги одржиме
ветувањата кои ги поставуваме кон себеси и останатите со што си ја зголемуваме
самодовербата и довербата на другите кон нас.
Храброст
Способни сме да реализираме идеја и да се издигнеме над просечноста. Го браниме
својот став, мислење и постапуваме правилно под притисок на неправда и
обесхрабрување.
Иновативност
Способни сме да имаме перспектива која додава вредност на сегашната ситуација.
Имаме перцептивен и креативен ум кој гледа решенија и предизвици, наместо
проблеми.
Емоционална интелигенција
Способни сме да развиваме позитивни односи со различни луѓе и карактери. Свесни сме
за емоциите и знаеме да ги контролираме. Ја цениме разновидноста и тимската работа.
Општествена одговорност
Одговорни сме кон околината, нашите одлуки немаат негативно влијание врз животната
средина. Свесни сме дека сме дел од интегриран систем и се однесуваме во согласност
со принципите на тој систем.
