GG on FB

GG on YouTube
Read Online

Ekologija

Support us

Become an activist: Register below and be informed about the opportunities

Name:

Email:

Вклучете се во акцијата за „Денот на планетата Земја“ на 22 април (петок) која се случува низ целиот свет и покажете ја вашата љубов кон природата со тоа што ќе прегрнете или уште подобро, посадите дрво. Оваа година, 22 април е посветен на дрвјата како бели дробови на планетата Земја, а воедно на овој ден, политичките лидери ќе го потпишат „Парискиот договор за климатски промени“ во Обединетите Нации во Њујорк, САД, кој треба да обезбеди одржлива иднина базирана на обновливи извори на енергија. Со приклучување во оваа акција се приклучуваме на глобалната акција која се случува во стотици градови низ целиот свет и заеднички ќе испратиме силна порака до политичарите дека сакаме повеќе кислород (O₂)и помалку јаглерод диоксид (CO₂).

Како може да се приклучите?

Read more...

 

Користење на велосипеди, електрични автомобили, поставување на вертикални градини, обновливи извори на енергија наместо фосилни горива, одбивање употреба на пластика, системи за рециклирање и заштеда на ресурси и многу други решенија се дискутираа на 10 дневната младинска размена „Разбуди се – Преземи акција“. Меѓународната младинска размена се одржа во Маврово од 4ти до 13ти април на која учествуваа 44 млади од Македонија, Норвешка, Германија, Хрватска, Грција, Шпанија и Велика Британија.

Read more...

 

На 7 Април, 45 млади од Македонија, Норвешка, Германија, Хрватска, Грција, Шпанија и Велика Британија ја посетија соларната фарма „Фотоволт“ и Белчишкото блато во општина Дебарца. При посетата на соларната фарма младите имаа можност да научат за процесот на производство на електрична енергија преку соларните панели, законската регулатива, складирање и дистрибуциуја на енергијата, пазарот на енергија и позитивните и негативните страни на оваа технологија.Соларната фарма „Фотоволт“ е во функција од 5 Август 2015 и има капацитет од 47,52 kW/h.

Read more...

 

Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ отвора повик за 5 учесника од Македонија за младинска размена на тема “Reduce your ecological foodprint”.

Read more...

 

 
EU Sustainable Energy Week - Macedonia

Let's do it Macedonia

Go Clean

GREEN LIVING TIPS
Hang Outside to Dry
Get a clothes line or rack to dry your cloths. Your clothes will last longer and you will save money
Add this to your site